Две лица, меѓу кои дете, повредени во верижен судир во Скопје

Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа меѓу три возила која се случила вчера околу 14 часот на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје.

Несреќата како што информираат од МВР, се случила помеѓу  „Форд Фјужн“ со скопски регистерски таблици, управувано од Р.Х.(61) од Скопје,  „Фиат Пунто“ со штипски регистерски таблици, управувано од И.К. (44) од Кочани, и „БМВ“ со скопски регистерски регистерски таблици, сопственост на МВР, а управувано од З.Р.(48) од Скопје.

По незгодата, четири сопатници од возилото „Фиат Пунто“, В.К.(69) Б.К.(42) и две девојчиња на возраст од 11 и деветгодишна возраст, сите од Кочани, биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. На В.К. и на 11 годишното девојче од страна на лекар им биле констатирани телесни повреди, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.