Две лица од Чајле приведени, кај нив е пронајден кокаин

Две лица од Гостивар, Б.Ф. (41) и И.М. (30), се уапсени откако кај нив во гостиварското село Чајле полицајци пронашле кокаин.

Двајцата се задржани во полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.