Две лица починаа во велешката болница од ковид-19

Во изминатите 24 часа во велешката болница како последица од ковид-19 починаа двајца пациенти – жена на 70 години од Велес, примена пред две недели, и маж на 58 години од Оризари, примен пред два дена.

Како што информораше портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, во болницата се хоспитализирани 65 пациенти, од кои 56 потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум со негативни тестови. На кислородна поддршка се 15 пациенти.

На Инфективно се лекуваат 47 пациенти, на Физикална 11, а на Интерното одделение се седуммина пациенти.

Д-р Неделковска-Николова информираше дека на Интерното – крак Б се лекуваат пациенти кои веќе се излекувале од Ковид, но имаат последици од болеста.