Две лица повредени во излетување на автомобил кај Подмоље

Две лица се повредени во коа нивниот автомобил излетал во вторникот претпалднето од коловозот  на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај селото Подмоље, соопшто Министерството за внатрешни работи/

Автомобилот „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 29 годишниот Т.Р. од Охрид, излетало надвор од коловозот, а несреќата, информира полицијата, се случила вчера во 8:25 часот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот 22-годишниот С.Л.од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата „Свети Еразмо, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.