Две лица повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

На 22.09.2020 во 19.50 часот на патот Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од  53 годишно лице од Битола и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од  51 годишно лице од Прилеп.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот во прилепското возило, додека со телесни повреди се здобил возачот во битолското возило и биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп, соопшти СВР Битола.