Две лица приведени кои со возило влетале на аеродромскиот терминал во Барселона

Две лица се уапсени откако изутринава намерно  влетале со автомобил во внатрешноста на терминалот 1 на аеродромот во Барселона, соопшти преку Твитер каталонската полиција, додавајќи дека нема повредени во инцидентот.

Началникот на регионалната полиција, Едуард Салент, на прес-конференција изјави дека двајцата извикувале исламистички пароли, додавајќи дека иследниците не исклучуваат никакви теории за мотивите на возачот.

Полициската специјална единица „Тедакс“ потврди дека немало експлозив во автомобилот.

Салент рече дека и двете лица во биле Албанци, пренесуваат локалните медиуми.