Две лица се повредени во напад на руски дрон врз станбена зграда во Киев

За време на нов  руски напад во Киев е погодена станбена зграда, соопштија утрово украинските власти, додавајќи дека во нападот се повредени две лица.

Ова е прв инцидент од ваков вид по неколку месеци во главниот град на Украина. Киев редовно е цел на руските беспилотни летала и ракетни напади, но повеќето од нив се соборени од украинската противвоздушна одбрана.

Во Киев доцна вечерта се огласија сирените за тревога од воздушен напад. Набргу потоа, локалните жители слушнале силни експлозии. Градското собрание првично објави дека во градот дејствува противвоздушна одбрана, повикувајќи ги жителите да останат во засолништа.

Локалните власти соопштија дека станбената зграда била погодена од дрон од иранско производство „Шахед“, што Москва редовно ги користи за напади врз својот сосед.

Русија на 24 февруари 2022 година ја почна инвазијата врз  Украина.