Две лица се повредени во несреќата во провалија – малолетничка со четирицикл излетала од патот

На 08.11.2022 во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од место викано „Мала Река“ кон с.Горно Количани, скопско, четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишна малолетничка од Скопје, излетал од патот и паднал во провалија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничката и сопатникот С.С.(29) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.