Две лица се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа во Скопје

Како што информира МВР, вчера во 02:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот село Миладиновци-населба Илинден 38-годишната В.М. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „мерцедес  Ц 200“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.М.(43) кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а В.М. се здобила со телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.