Две лица во Белград се обиделе да го киднапираат фудбалерот на Фиорентина

Двајца Срби се уапсени во Белград под обвинение за обид за киднапирање на фудбалерот на Фиорентина, Алекса Терзиќ.

Ауди со двајцата српски државјани се судрило намерно со БМВ-то на 20-годишниот фудбалери. Двајцата киднапери се обиделе на сила да го внесат Терзиќ во гепекот на нивниот автомобил, но српскиот фудбалер успеал да се одбрани и да им избега. Случајот веднаш го пријавил во полиција откако киднаперите со неговиот автомобил потоа избегале во непознат правец. Не долго потоа и двајцата се уапсени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.