Две лица во фокусот на истрагата за смртоносниот истрел на Алек Болдвин на снимањето

Истрагата за смртта на директорката на фотографија Халина Хатчинс на снимање на вестерн филм во Њу Мексико која според досегашните информации ненамерно ја застрела актерот и продуцентот Алек Болдвин продолжува во саботата и е насочена на две лица, оружарот и помошникот на режисерот на филмот.

Инцидентот се случи во четвртокот попладнето на снимањето на филмот „Rust„“ на ранчот „Бонакнца Крик, јужно од градот Санта Фе.

Погодена во градите, според прелиминарниот извештај на истрагата на кој се повикуваат медиумите, Халина Хатчисн со хеликоптер била префрлена во болницата во Албукерки каде што е прогласена мртва, Режисерот Џоел Соуза, пак, погоден е во рамето и закрепнува откако беше згрижен во болница во Санта Фе.

Истрагата е фокусирана на филмската оружарка, 24-годишната Хана Гутјерез Рид, која според споменатиот извештај го подготвувала огненото оружје од кое актерот го истрелал фаталниот куршум. Тој пиштол младата жена го ставила на количка со уште две парчиња оружје.

Помошникот на режисерот Дејв Холс, искусен професионалец, му го додал оружјето на Болдвин во текот на пробата за сцената и му рекол дека оружјето е „студено“, односно со филмски жаргон дека е без боева муниција.

Холс „не знаел дека пиштолот е наполнет со вистинска муниција“, навел во извештахот агентот Џоел Кано од канцеларијата на шерифот за округот Санта Фе.

Двајцата засега не се предмент на кривично гонење, потврди порпаролот на шерифот. Обвинителката Мери Кармак-Олтвајс во соопштение наведеува дека засега „не знае дали ќе биде подигната кривчна постапка“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.