Две лица загинаа, а 30 се повредени при судар на два воза во Чешка

Најмалку две лица загинаа, а околу 30 се повредени во судир меѓу два воза во северозападниот дел на Чешка.

– Судирот на возовите се случи недалеку од границата со Германија – изјави портпаролот на чешката служба за итни случаи, пренесуваат британските медиуми.

Несреќата се случила околу 15 часот по локално време меѓу станиците Нова Хамри и Пернинк, јавуваат британските медиуми.

Возовите се движеле меѓу Карлови Вари во Чешка и Јохангеоргенсштад во германската покраина Саксонија.

Меѓу спасувачките екипи се вклучени и тимови од Германија, а засега не се знае колку точно патници имало во двата воза.