Две лица загинаа во несреќа со балони во Кападокија

Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон на топол воздух во Кападокија, Турција, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер.

– При спуштањето на балонот, во кој се превезувале 28 патници и двајца членови на екипажот, животот го загубиле двајца шпански државјани, додека тројца шпански државјани се повредени, се наведува во соопштението.

Во соопштението се додава дека лекувањето на повредените продолжило во локалните болници и дека нивните животи не се во опасност, пренесува Ројтерс.

Според нив, несреќата била предизвикана од неочекувано зголемување на силата на ветерот при слетувањето.

Летањето со балон со топол воздух е една од најпопуларните атракции во регионот на Кападокија, над долините и вулканските формации познати како „самовилски оџаци“, потсетува британската агенција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.