Две лица загинаа во сообраќајка кај Росоман

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Ова се првичните информации што за МИА ги сподели доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош  во Кавадарци.

– Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент – изјави Грков.

Смртта кај двете лица била констатирана на лице место.

Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила.

Од полиција повеќе детали најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.