Две милијарди луѓе помалку на планетата во 2100-та од предвидувањата

На Земјата во 2100 година ќе има 8,8 милијарди луѓе, две милијарди помалку од процените на Обединетите нации, според истражувањето објавено во средата во списанието Lancet, кое предвидува нова глобална рамнотежа на силите како резултат на падот на стапката на фертилитетот и стареењето на населението.

До крајот на веков во 183 од 195 земји, под услов да нема наплив од мигранти, ќе биде забележан пад на бројот на населението под прагот потребен за одржување на неговиот број, објави меѓународен тим научници.

Во повеќе од 20 земји, меѓу кои и Јапонија, Шпанија, Тајланд, Португалија, Јужна Кореја и Полска, оваа бројка, во најмала рака, ќе се преполови. И во Кина бројноста на населението ќе се намали приближно исто, и од 1,4 милијарди денес за 80 години ќе падне на 730 милиони луѓе.

Супсахарска Африка во истиот период тројно ќе го зголеми населението, на околу три милијарди луѓе, а само населнието на Нигерија до 2100 година ќе порасне на 800 милиони, и ќе биде второ во своето по Индија која ќе има 1,1 милиони жители.

„Овие предвидувања сугерираат добри вести за природната средина, со помалку притисоци за производство на храна и помалку емиси на јалгерод диоксид, како и значителни економски можности за делување на Супсахарска Африја“, вели за агенцијата AFP шефот на истражувањето Кристофер Мареј, директор на Институтот за здравствени процени и мерења (IHME) при Универзитетот Вашингтон.

„Повеќето земји надвор од Африка ќе имаат помали работни сили и превртени популациски пирамиди, што има длабоко негативни последици за економијата“, додава Мареј.

За високо развиените земји во оваа категорија најдобро решение за одржување на нивото на населението и економскиот раст ќе биде флексибилната имиграциска политика и општествената поддршка на семејствата кои сакаат да имаат деца, се заклучува во студијата.

„Соочени со падот на бројот на населението, постои стварна опасност некои земји да го разгледаат ограничувањето на пристапот до здравствените дејности кои се занимават со репродукцијата, што потенцијално ќе има погубни последици. Најважо е слободите и правата на жената да бидат на врвот на развојната политика на секоја влада“, предупредува Мареј.

 

Речиси 900 милиони луѓе ќе бидат постари од 80 години

Социјалните и здравствените служби ќе треба да се реформираат за да може да се грижат за многу постарото население. Со падот на фертелитетот и растот на очекуваниот животен век ширум светот, бројот на децата помлади од пет години ќе се намали за повеќе од 40 отсто, од 681 милион во 2017 година на 401 милион во 2100 година, утврдила споменатата студија.

На другиот крај од спектарот 2,37 милијарди луѓе, повеќе од четвртина од глобалното население ќе биде постаро од 65 години. Оние повозрасните од 80 години наместо денешните 140 милиони ќе ги има дури 866 милиони.

Силниот пад на бројот на работното населние, како и односот на овој показател и издржуваното население ќе претставува огромен предизвик за многу држави.

„Општествата ќе се борат економски да напредуваат со помал број работници и со помали даночни приходи“, вели професорот Стејн Емил Волсет од IHME.

Бројот на работоспособното населени во Кина од денешните 950 милиони ќе падна на малку повеќе од 350 милиони до крајот на векот, што претставува пад од 62 отсто. Падот на овој показател во Индија, пак, ќе биде помалку стрмен, од 762 на 578 милиони. Од друга страна, пак, во Нигерија работоспособното население ќе се зголеми од денешени 86 милиони на повеќе од 450 милиони лица во 2100 година.

 

Новиот свет и прераспределбата на моќта

До 2050 година бруто домашниот производ (БДП) на Кина ќе го надмине оној во САД, меѓутоа до 2100 година ќе падне на второто место, предвидуваат научниците.

Индискиот БДП ќе скокне на третото место, а Јапонија, Германија, Франција и Велика Британија ќе останат меѓу десетте најголеми светски економии. Бразил, според предвидувањата, би паднал од осмото на 13-то место, а Русија од десеттото на 14-то место.

Историските сили Италија и Шпанија ќе испаднат од групата 15 најсилни светски економии, на 25-то односно на 28-то место. Индонезија ќе стане 12-тата најголема светска економија, а Нигерија, којашто во моментов е 28-ма, ќе го заземе сегашното руско десетто место како светска економска сила.

„До крајот на векот светот ќе биде мултиполарен со Индија, Нигерија, Кина и САД како доминатни сили“, вели Ричард Хортон, опишувајќи ја студијата како летимичен преглед на „радикалните промени во геополитичката моќ“.

Досега Обединетите нации, кои предвидуваат во 2030 година 8,5 милијарди население на Земјата, а 9,7 милијарди во 2050 година, и 10,9 милијарди луѓе во 2100, година, имаше монопол во предвидувањата на движењето на растот на светското население.

Разликата во процените на ОН и на IHME се темели на разликите во стапката на плодноста. За одржување на бројот на населението потребно е секоја жена во фертилно доба да роди 2,1 дете. ОН предвидуваат дека земјите со низок фертилитет ќе бележат раст просечно на 1,8 деца по жена, појаснува Мареј.

„Нашата анализиа сугерира дека жените со подобрувањето на нивното образование и поголемиот пристап до здравствените служби ќе избираат да имаат просечно помалку од 1,5 деца. Продолжувањето на растот на светската популација во овој век повеќе не е најверојатниот тренд на светскот население“, вели Мареј.