Две минути го спасија Бејл од парична казна

Велшката sвезда на Реал (Мадрид) има повреда и ја проследи победата од 5-0 над Леганес на трибините. Крилниот напаѓач си замина пред крајот на мечот, што требаше да му донесе парична казна.

Сепак, Бејл покажа одлично познавање на внатрешните правила. Тој го напушти своето место на трибините во 82 минута, а според прописите, од играчите се бара да бидат на трибините до 80-тата минута од натпреварите.

Очигледно, Бејл одлучи дека можеби нема да го заврши натпреварот, чиј исход беше јасен по првото полувреме.

Во 80-тата минута Реал Мадрид веќе имаше предност од 4 гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.