Две мисии на Венера најавува NASA

Американската агенција за вселенски истражувања NASA најави две нови мисии на Венера под називите „DaVinci+“ и „Veritas“, чијашто цел проучување на оваа планета, што ќе биде првата посета по 30 години на оваа „сестринска“ планета на Земјата.

Мисијата „DaVinci+“ има цел да ја анализира атмосферата на Венера, додека преку „Veritas“ ќе се мапира нејзината површина, соопшти NASA. За овие две мисии ќе бидат издвоени 500 милиони долари и ќе бидат започнати меѓу 2028 и 2030 година.

„Целта на мисиите е да се утврди зошто Венера денес изгледа како пекол, иако некогаш имала извонредно многу карактеристики какви што има Земјата и можеби била првата планета погодна за населување во Сончевиот систем, со океани и клима слична на оние на Земјата“, се наведува во објавата на NASA.

Мисијата „Davinci+“, којашто ќе се состои од вселенско летало и сонда, ќе го мери составот на густата и жешка атмосфера на Венера, што на научниците би требало да им помогне да утврдат како таа се развивала. Задачата на „Veritas“ е да ја исцрта површината на планетата за да се направи обид да се сфати нејзината геолошка историја.

Венера е втората планета од Сонцето, е најблиската планетарна роднина на Земјата и ѝ е слична според структурата, но е малку помала и многу потопла. Над негостољубивата површина се простира густа и токсична атмосфера составено е главно од јаглерод диоксид и облаци од сумпорна киселина.

Последица е ефектот на стаклена градина која ја пржи површината на Венера на 880 Целзиусови степени, доволно да се стопи оловото. „Воздухот“ на Венера е толку густ што повеќе се однесува како течност отколку како гас.

Научниците веруваат дека на Венера некогаш имало вода и дека била погодна за живот пред непознати сили да го покренат толку екстремниот ефект на стаклената градина кој предизвикал испарување на нејзините океани.

„Венера е каменот од Розета за климатските промени“, тврди NASA.

Последната американска мисија на Венера, леталото „Magellan“, дојде до планетата во 1990 година. По четири години кружење и снимање, сондата се спушти на површината за да собере податоци од атмосферата, а потоа се растопи.

Сличната судби ја чека и сондата од мисијата „Davinci+“ која ќе биде спуштена на површината на Венера. Патем би требало да собере и испрати примероци за хемискиот состав на атмосферата на Венера и за притисокот, како и да сними фотографии со висока резолуција. Дури и доколку го преживее слетувањето, се очекува дека ќе се „свари“ за дваесетина минути.