Две најтешко повредени деца во несреќатата Бугарија ќе бидат префрлени во Софија

Двете од најтешко повредените деца во несреќата на автопатот Тракција во Бугарија во која учествуваше српски автобус ќе бидат пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, најави вршителот на должноста министер за здравство Асен Меџидиев.

Најсериозна е состојбата на 11-годишно момче. Другото дете синоќа било во посериозна состојба, но е стабилизирано, адекватно е и свесно, прецизираше министерот за здравство.

Според него, во стабилна состојба е и постариот маж со ампутиран екстремитет.

За преостанатите повредени деца се организира транспорт со амбулантни возила до српската граница, каде што ќе ги превземат амбулантни возила од Србија. Меџидиев најави и дека е обезбеден психолог за децата кои ноќевале во хотел во Стара Загора.

Веќе синоќа министерот им се заблагодари на сите медицински лица за брзата и соодветна помош што им ја пружија на настраданите. Тој денеска им се заблагодари и на сите обични граѓани кои беа на местото на несреќата и помогнаа.

Утрово во Стара Загора пристигна и Златибор Лончар, министер за здравство на Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.