Две наставнички заразени во училиште во Центар, 15 првачиња денеска останаа дома

15 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ од скопски Центар, кои учеа со физичко присуство, од денеска одржуваат онлајн настава, откако две наставнички се заразиле со коронавирусот.

Информацијата ја потврдуваат дел од родителите на децата, кои засега не сакаат да зборуваат јавно. Неофицијално, не се исклучува едната наставничка да се заразила од другата. Тие се исплашени бидејќи освен што постои ризик децата да се заразат, биле и во контакт со членовите на своето семејство.

Оваа информација за ТВ 24 ја потврди градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој тврди дека првачињата се во изолација.

Сепак некои родители тврдат дека тие се уште не знаат дали децата треба да бидат во изолција или не, затоа што никој не ги контактирал со насоки. Револтирани се и што за четири дена учење, на првачињата им се смениле четири наставнички.

На наставничките им се прави уште еден контролен тест, по што ќе има и повеќе информации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.