Две петодишни деца тешко повредени во сообраќајна несреќа

Две петгодишни деца тешко се повредени во собрќајна несреќа кога се случи во четвртокот доцна вечерта на магистралниот пат Штип-Кочани

Сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот И.З. од Чешиново, кочанско и патничко возило „пежо 206“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот А.В. од Злетово.

По незгодата, сопатниците во возилото „пежо“, Х.В. и две петгодишни деца биле пренесени во Клиничката болница Штип каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.