Две разбојништва во Скопје

Две разбојништва се случиле денеска во Скопје. Како што соопшти МВР, во 08:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АВНОЈ“ пред канцеларија на ланец казина, две лица, од кои едното имало пиштол, физички го нападнале и извршиле разбојништво врз М.Ц.(57), вработен во казино, и му одзеле пари.

Во 04:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бензинска пумпа на ул. „Ѓорче.Петров“ едно лице со закана извршило разбојништво и одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи, посочуваат од МВР.