Две скопјанки каснати од кучиња скитници

Вчера две скопјанки биле нападнати од кучиња скитници.

Во полициската станица Карпош, С.Д.(26) од Скопје пријавила дека на улица „Волгоградска“ била касната од куче скитник во пределот на левата рака.

Исто така вчера во полициската станица Аеродром, А.Д.(69) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.