Две скопјанки каснати од куче

Две скопјанки биле нападнати од куче вчера на Водно, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 13 часот на улицата Партение Зографски.
Тогаш Т.Н.(30) била нападната и касната од куче за десната нога. Во исто време и О.В.(30) пријавила дека на истата улица била касната од куче за левата нога.