Две светиниколски конфекции остануваат затворени до понеделник

Светиниколските фабрики „Мода“ и „Кемтекс“ ќе бидат затворени до понеделник, информираше за МИА директорот, Ангел Димитров. Од досегашниот скрининг во двете конфекции се покажа дека 45 работници се заразени со коронавирусот, од кои 15 се претходно откриени пред масовното тестирање, кое е направено со одлука на раководството на двете конфекции.

 -Добро е што од нашите две фабрики 80 отсто од позитивните случаи се асимптоматски, доколку не го направивме скринигот заразата ќе се ширела во погоните. Одлуката што ја донесовме за скрингот е добра и во моментов чекаме резултати за 90 работници, вели Димитров.

Тој истакна дека со оваа состојба, испораката на производите за партнерите ќе биде пролонгирана за две недели. Производите требало да се испорачат до 31 јули, но сега ќе се пролонгира за две недели и се надева дека партнерите нема да им испорачат казнени пенали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.