Две тешки кражби во Скопје за еден ден, украдени накит и илјадници евра

Накит, евра и денари се украдени за еден ден во две тешки кражби во Скопје, едната во Ѓорче Петров, а другата во Топанско Поле.

Според информациите од Миистерството за внатрешни работи во саботата се случи ве тешки кражби, едната во домот на 65-годишниот З.Т., а другата во стан каде под кирија живееле двајца косовски државјани.

Од куќата на З.Т. на улицата Алексо Демниевски арамијата кој влегол откако ја скршил балконската врата  одземал златен накит веден околу 3.000 евра.

Од станот на улицата Лазар Трповски во Топанско Поле каде како потстанари живеаат 29-годишниот А.А. и две години постариот П.Д. двајцата од Косово арамија украл околу 10.650 евра. Непознатиот сторител провалил во станот откако насилно ја отворил влезната врата.

Скопската полиција работи на расчистување на кражбите и пронаоѓање на арамиите кои избегале во непознат превец.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.