Две воспитувачки и една негувателка позитивни на коронавирусот во градинката во Хром

58

Две воспитувачки и една негувателка се позитивни на коронавирусот во скопската градинка Росица во Ѓорче Петров.

Станува збор за објектот „Калинка“ во Хром каде во моментов три групи на дечиња се во изолација поради контактот кои го имале двете воспитувачки и едната негувателка со нив.

Директорката на градинката Маја Ристовска во изјава за КУРИР вели дека децата од трите групи се во изолација и ќе останат 14 дена дома.

„Доколку немаат никакви симптоми тие ќе се вратат повторно во градинката по две недели“, одговорила Марија Ристовска во телефонската изјава за КУРИР.

Инаку бројката на новозаразени деца и персонал во градинките се повеќе расте од ден на ден, додека власта молчи и нема план за справување со настанатиот хаос.

Освен го градинките слична е ситуацијата и во училиштата каде бројката на заразени ученици е 42, додека 65 наставници се позитивни на вирусот и истиот го добиле преку физичко присуство во училиштата, објави Министерството за образование и наука пред два дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.