Две вреќи со марихуана најдени кај граничниот премин „Свети Наум“

Две вреќи полни со марихуана биле откриени од полициски службеници во близина на граничниот премин Свети Наум претходно седмицава, извести во четвртокот Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението на МВР се наведува дека во понеделникот, на 4-ти февруари, во 14,30 часот во близина на споменатиот граничен премин кон Албанија, при преглед на терен на место викано Колиби, полициски службеници пронашле две вреќи во кои имало марихуана.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а марихуаната била предадена на вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.