Две жени од велешко повредени во излетување од патот

160

Две жени од велешко Горно Оризари се повредени во саботата попладеното, откако автомобилот со кој се превезувале излетал од коловозот, на магистралниот пат меѓу селата Бучин и Вашарејца.

Инцидентот се случил малку пред 18 часот кога во СВР Битола било пријавено дека на патот Бучин – Вашарејца, во близина на крстосницата со патот Битола – Прилеп. Како што било консттирано 32-годишната А.Б. од Горно Оризари, велешко, управувајќи патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила А.В., додека со телесни повреди се здобила 58-годишната И.М. од Горно Оризари, констатирани во болницата во Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.