Две жени се борат за живот по несреќата во Романовце

81

„Две жени се борат за живот на Клиника по експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце“, изјави директорот на Ургентен центар Илир Хасани денеска на средбата со новинарите.

„Имаат повеќе од 80 % изгореници, и ситуацијата е многу тешка. Приклучени се на апарати, и нивната состојба е неизвесна. Додека третиот пациент има изгореници некаде околу 40%“, додаде Хасани.

До сега во несреќата починаа четири лица. Синоќа уште едно лице им подлегна на повредите. Хасани соопшти дека жените се во 35-годишна и околу педесет годиншна возраст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.