Две жртви во лавина во западна Канада

Две лица загинале во лавина во планините во централниот дел на западната канадска покраина Алберта, пренесе во неделата телевизиската мрежа CBC.Две лица загинале во лавина во планините во централниот дел на западната канадска покраина Алберта, пренесе во неделата телевизиската мрежа CBC.

Несреќата се случила на планината Андромеда во националниот парк Џаспер. Спасувачките екипи, меѓу шест амбулантни возила и три медицински хеликоптера, кои пристигнале на местото на инцидентот по дојава за лавина во областа пронашле тека на две лица.

Според локалната полиција, жртвите веројатно биле алпинисти, имајќи предвид дека планината Алберта е омилена дестинација меѓу љубителите на искачувањата. Други поединости за несреќата засега не се познати, а властите нагласуваат дека не се пронајдени други повредени лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.