Две жртви во силен земјотрес на Филипини

Во земјотрес со магнитуда од 6,6 според Рихтер во централната област на филипинскиот остров Минданао во вторникот загинале најмалку две лица а десетици се повредени, соопштија тамошните власти.

Населението е вознемирено откако започнало тресењето на зградите и било прекинато снабдувањето со електрична енергија. Потресот се случил околу 9 часот наутро по локално време. Во зградите се појавиле пукнатини, а под урнатини смртно настрадали 66-годишен маж и 15-годишен ученик, соопштија службите за спасување и полицијата.

„Потресот беше силен. Истрчавме надвор. Ги гледав продавницата и нашата куќа, изгледаше како да танцуваат. Колената сѐ уште ми се тресат“, рекла за радиото DZMM продавачката Аби Агдум.

Кабелите за струја уште долго по потресот се нишале во Давао, родниот град на претседателот Родриго Дутерте, каде луѓето во паника излегле надвор, а многумина се онесвестиле од страв.

„Службите се на терен, а стручните лица за процена на ризикот од катастрофи ги проверуваат патиштата и мостовите“, рекла за телевизијата ANC Сара Дутерте, граданачалничка на Давао. Таа е ќерка на филипинскиот претседател Родруго Дутерте, кој самиот долги години беше градоначланик.

Земјотресите на Филипини се чести. Во потресот од 16-ти октомври загинаа седум луѓе а беа повредени над 200 лица, додека во јулскиот животите ги загубија осум луѓе