Две жртви во украинско ракетирање на Русија

Двајца цивили загинале а уште двајца други се ранети во украинско ракетирање на руската Белгородска област на границата со Украина, изјави во петокот гувернерот на областа којашто последните денови е континуирано е под напади од украинските сили.

„Парчиња од проектили погодија автомобили кои минуваа. Во едниот биле две жени (…) кои починаа на самото место“, напиша на Telegram гувернерот Вјачеслав Гладков.

Посочува дека тие проектили паднале на пат во селото Маслова Пристањ, неколку километри од граничниот премин Шебекино, на украинската граница, место кое оваа седмица е под интензивни напади.

„Во друг автомобил ранети се двајца мажи. Еден од шрапнелите е погоден во градите, а другиот во нозете“, додаде Гладков според кој и двајцата во болницата биле донесени во тешка состојба.

Според гувернерот, и други места во оваа област во којашто нема воени единици или значителна воена инфраструктура биле под украински оган во кој немало жртви, но е предизвикана материјална штета.

Ден претходно руското Министерство за одбрана објави дека со помош на воздухопловните сили и артилеријата одбила три обида за прекуграничен копнен напад на диверзантско-терористички групации од Украина, и притоа до нивното гонење на украинска територија биле убиени најмалку 50 припадници на неонацистичките формации.

Поради зачестените напади Русија од четвртокот ги евакуираше децата, жените и старците од пограничните места на побезбедни локации кон внатрешноста на земјата.