Двегодишно дете паднало од четврти кат од зграда во Скопје

Синоќа после полноќ во полиција било пријавено дека двегодишно дете од Скопје паднало од четврти кат од зградата во која живеее. Според МВР, на 22.06.2022 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зграда во населбата Аеродром. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало, соопштија од МВР.

По несреќата на детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди.

-Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.