Почина двегодишно дете – се задушило со парче од банана

Двегодишниот Дилан Џон Џејмс почина во својот дом во Сент Асаф во Велс во јули откако се задушил од парче од банана пред спиење, соопштија од полицијата.

Неговата мајка Даниела Батерли, наместо вообичаената вечера, шише млеко, му дала банана.

Кога 30-годишната мајка се вратила во собата откако претходно излегла на не повеќе од 30 секунди, го нашла нејзиниот син како лежи на грб, пренесува „NorthWalesLive“.

Даниела се борела да го оживее својот син додека семејството викало брза помош.

Несреќната мајка изјавила:

-Брзо сфатив дека нешто не е во ред. Тој мавташе со рацете, видов како се гуши. Пробав сè. Не можам да го опишам звукот што го испушташе.

Даниела повикала брза помош и добила совет како да му помогне на Дилан.

По пристигнување на брзата помош, лекарите се обиделе да го реанимираат детето, го одвеле во болница, но доцна истата вечер починало.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.