Двегодишник почина по религиско обрежување во Италија

Шеесетгодишен маж е уапсен поради вмешаност во смртта на двегодишно момченце, кое починало по изведување религиски обред на обрежување во градот Монтеротондо, североисточно предградие на Рим, соопшти во понеделникот државниот обвинител.

Мажот е обвинет за изведување на религискиот ритуал на обрежување над две братчиња близнаци, од кои едното починало, а другото е тешко повредено. Судската медицина сега мора да ја утврди точната причина за смртта, изјавил државниот обвинител во Тиволи.

Состојбата на преживеаното братче се поправило, пренесува агенцијата Ansa во понеделникот, иако останува на одделението за интензивна нега. Семејството на момченцата, по потекло до Нигерија, го огранизирало обредот на обрежување во својот дом, коешто резултирало со преобилно крварење, пренесе претходно агенцијата.

Иследниците собрале информации при претресот на апартманот на осомничениот маж, кои сугерираат дека тој редовно ги изведувал обредите на обрежување, додал државниот обвинител. Мажот, американски државјанин од либиско потекло, се соочува со обвиненија за убиство без предумисла, нанесување телесни повреди и надрилекарство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.