Двесте уапсени во антимафијашка операција во Италија и Германија

294

Околу двесте припадници од најозлогласените италијанските мафијашки групи ‘Ндрагета, се уапсени во операција во Италија и Германија, соопшти во вторникот полицијата.

Во соопштението на италијанските карабинери се наведува дека во операција е разбиен голем клан на калабриската мафијашка организација ‘Ндрагета. Полицијата соопшти дека оваа операција ја спровеле заедно со германската полиција.

Се наведува, исто така, дека клановите на семејствата Фарао и Маринкола се инфилтрирале во работи во двете земји, особено поврезани со виното, храната, собирањето на отпадот и погребните услуги.

Низа јавни функционери се осомничени за корупција, се додава во соопштението, но не се прецизира дали тие се во Италија, или и во двете земји.

Притоа, се истакнува дека во операцијата се запленети сопствености околу 50 милиони евра

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.