Двете Борусии на врвот

Во средбата од десеттото коло на германското фудбалско првенство Борусија Менхенгладбах ја совлада Фортуна од Диселдорф со 3:0 пробивајќи се на второто место од Бундеслигата.

Двоен стрелец за тимот од Менхенгладбах беше Торган Азар во 48 минута од пенал и во 82 минута, а погодок во меѓувреме во 67 минута постигна Јонас Хофман. Фортуна е претпоследна 17-та со само пет бодови.

Во последниот меч од ова колао Мајнц со 2:1 го совлада Вердер, правејќи бегство од зоната на испање. Жан Матета во 25 и Жан Гбамен во 51 минура погодија за домашните, додека стрелец повторно за Вердер во 78 минута беше ветеранот Калудио Пизаро. Мајнц сега е 12-ти со 12 бодови, додека Вердер пропушти шанса за пробив кон врвот на табелата и остана на шестото место со 17 бодови.

На табелата во водство е Борусија Дортмунд со 24 бодови, втора е Борусија Менхенгладбах со 20 бодови, колку што има и актуелниот шампиони Баерн Минхен на третото место, но спо послаба гол-разлика. РБ Лајпциг е четврти со 19 бодови.