Двете Борусии убедливи во германското првенство, Лајпциг на врвот

Двата клуба од Дортмунд и од Менхенгладбах кои носат исто име – Борусија, беа уверливи во натпреварите од третото коло на германската првенство, а исто така убедлив беше и РБ Лајпциг кој дома со 4:0 го совлада Шалке и привремено го презема врвото во Бундеслигата.

РБ Лајпциг поведе со автоголот на Цан Бгдан во 31 минута, а четири минути подоцна водството го удвои Анхелињо, а убедливата игра на домашните ја потврди Вило Орбан во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Победата ја потврди Марсел Халштенберг во 80 минута од пенал.

Лајпциг благодарејќи на подобрата гол-разлика со седум бодови моментално е на првото место на табелата, а со ист број бодови е и второпласираниот Ајнтрахт од Франкфурт. За Шалке 04 ова е третиот пораз во трите први кола и е на последното место со само еден постигна погодок а дури 15 примени.

Борусија Дортмунд со 4:0 го декласираше на свој терен Фрабјбург со двата погодока на норвешкото чудо од дете Галеанд во 31 и 66 минута, кој има 17 погодоци постигнати на 18 натпревари оваа година. Меѓу стрелците се впишаа и Чан во 47 и Паслак во втората минута од судиското продолжение.

Борусија со две победи и пораз на отворањето на сезоната е на второто место со шест бодови, додека Фрајбург со по една победа, реми и пораз е на 11-то место со четири бодови.

Борусија од Менхенгладбах, исто така, беше сигурна со погодиците на Пле во 14, Лајнер во 16 и Стиндл во 56 минута од пенал на гостувањето кај Кел, додека Вердер во Бремен со голот на Леонардо Битенкурт во 27 минута ја совлада Арминија од Билефилд со 1:0.

Хофенхајм беше поразен кај Ајнтрехт од Франкфур со 1:2. Гостите дојдоа во водство во 18 минута со погодокот на хрватскиот интернационалец Андреј Крамариќ, што е негов шести гол во првите три кола. Но пота во 55 минута домашните израмнија со голот на Јапонецот Камада, а во 71 минута Холанѓанецот Бас Дост го направи резултатскиот престврт во полза на тимот од Келн.

Штутгарт и Баер Леверкузан одиграа 1:1, а гостите поведоа со погодокот на Чехот Шик уште во 7 минута, додека домашните спасија бод во 76 минута со голот на Австриецот Калајџиќ.

Во недела се играат натпреварите Волфсбург – Аугсбург и Баерн – Минхен – Херта.