Светските берзи пораснаа и покрај геополитичките тензии

На светските берзи изминатата седмица цените на акциите пораснаа, при што на Волстрит сите поважни индекси на почетокот од седмицата достигнаа рекордни нивоа, но подоцна се лизнаа поради геополитичките тензии и можност од зголемување на каматите од американската централна банка Federal Reserve (Fed) до крајот на годинава.

На европските берзи цените на акциите мината седмица пораснаа. Лондонскиот индекс FTSE скокна за 1,3 отсто на 7.310 поени, додека франкфуртскиот DAX зајакна за 0,6 проценти на 12.592 поени, а парискиот CAC индекс скокна за 1,3 отсто, на 5.281 индексни поени.

На токиската берза главниот азиско-пацифички индекс Nikkei минатата седмица скокна за 1,9 отсто, на 20.296 индексни поени.

На њујоршки Волстрит индексот Dow Jones зајакна за 0,4 отсто, на 22.349 поени, додека S&P 500 порасна за 0,1 проценти на 2.502 поени, додека Nasdaq индексот, пак, скокна за 0,3 отсто, на 6.426 индексни поени.

На почетокот од седмицата сите три индекса на Волстрит ги достигнаа рекордните нивоа, но од средата на пазарите владееше претпазливост бидејќи челниците на американската централна банка сигнализираа дека во декември е можно натамошно зголемување на каматните стапки.

Од почетокот на годинава Fed веќе во два наврата го зголеми клучните каматни стапки за по 0,25 процентни поени, па инвеститорите се надеваат дека централната банка ќе се воздржи од натамошно заострување на монетарната политика до крајот на оваа година.

Меѓутоа, сега трговците на пазарот на пари проценуваат дека постојат околу 70 отсто шанси дека Fed во декември ќе ги зголеми каматите, додека пред пораките на гувернерите од редовната седница тие шанси изнесуваа околу 50 отсто.

Покрај тоа, од Fed порачаа дека од октомври почнуваат да ги намалуваат своите биланси, при што месечно ќе го намалуваат својот портфељ на државни обврзници и други хартии од вредност за 10 милијарди американски долари.

„Тешко е да се донесе конечен суд за плановите на Fed додека навистина не почне да ги намалува билансите, а пазарот да го увиди влијанието на тоа“, вели за Reuters Кота Хирајама, економист во компанијата „SMBC Nikko Securities“.

Вложувачите беа претпазливи и поради растот на напнатоста меѓу САД и Северна Кореја, откако американскиот претседател Доналд Трамп објавиви поостри санкции за оваа изолирана земја, додека Пјонгјанг се закани со тестирање на уште една хидрогенска бомба и тоа над Пацификот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.