Движењето „Жолти елеци“ и во Белгија против поскапувањето на горивата

Блокади на автопатиштата, коишто ги спроведуваат граѓани во ќолти флоуросцентни елеци поради зголемувањето на цените, по Франција се појави и во Белгија.

Движењето „Жолти елеци“, коешто нема централно водство и не е структуирано наречено по релфектирачките жолти елеци кои возачите поради подобра видливост мора да ги носат при секое излегување од возилата на автопатите или на патиштата надвор од населените места во случај на несреќа или проблем, е организирано преку социјалните мрежи поради големото зголемување на цените на горивата.

Речиси истовремено протести започнаа и во Белгија, но се ограничени само на франкофоната област Валонија, јужната белгиска покраина. И во Белгија, како и во Франција, протестите се организирани прекуи социјалните мрежи и од истите причини, односно зголемувањето на цените на горивата. Според последните податоци, цената на литарот на „супер“ достигна 1,43 евара во Белгија а 1,54 во Франција, а на дизелот 1,54 во Белгија и 1,51 евра во Франција. И двете земји најголемиот дел од цените отпаѓаат на трошарините кои државата ги наплаќа.

Неколку стотици илјади луѓе со вакви елеци започнаа минатата седмици со блокади ширум Франција, најчесто на наплатните рампи, на бензински пумпи и на влезовите на автопатите. Само во понеделникот во Франција се регистрирани блокади на 350 места во кои учествувале околу 27.000 луѓе, според процените на полицијата.

Во Белгија демонстрантите синоќа се судрија со полицијата и запалија цистерна. Во земјата од минатиот петок се организираат протести, со блокади на резервоари за гориво. Вчера во попладневните часови полицијата со водени топови растури блокада јужно од Брисел.

Синоќа на местото на растурената блокада се вратиле стотици демонстранти и некои од нив предизвикувале немири, изјавиле сведоци. Дел од демонстрантите фрлале разнобојни димни бомби, дури и врз приватни автомобили, но и и сечеле дрва со кои направиле барикади на магистрлниот пат во близина. Патиштата во реонот и денеска се непроодни, а полицијата засега се повлекла.

Трговците со гориво тврдат дека демонстрантите веќе не пропуштаат ниту цистерни со мазут за греење. Според нив, криза со снабдување со гориво во Белгија нема да биде дозволена, но може да се очекува доцнење во снабдувањето

Во Белгија се блокирани и три рафинери на нафта, една во близина на Шарлроа, втората крај Намур и третата во близина на Лиеж. Демонстрантите преку социјалните мрежи порачаа дека цел е да се предизвика недостиг од горива, за да ги принудат политичките челници на реакција. Според белгиските медиуми ефектите веќе се чувствуваат, бидејќи повеќе бензински пумпи во околината на Лиеж останале без гориво.

Барањата на белгиските демонстранти се малку пошироки од оние во Франција, Во Белгија се жалат на намалувањето на куповната моќ и се бара намалување на данокот на додадена вреднсот (ДДВ) на најнеопходните стоки како што се горицата, прехранбените производи и др.

Незадоволните граѓани се и против изедначувањето на акцизата за дизел и бензин. До неодамна, во Белгија, употребата на дизел возила беше охрабрувана од државата со даночно олеснување, но минатата година одеднаш политиката се сврте со објаснувања за грижа за природата. Според статистичките податоци, дизел моторите во Белгија се за една третина побројни од бензинските, а за најстарите од нив се воведуваат забрани за движење во централните делови на големите градови.

Владата соопшти дека нема да се повлече од својата актуелна економска политика, која предвидува зголемување на даноците за гориво наспроти намалување на севкупното даночно оптоварување за работниците. Според економистите, куповната моќ во Белгија во изминатите неколку години постојано расте и ја надминува инфлацијата, која е на 40 отсто од почетокот на векот. Истражувањата, сепак, покажуваат дека оваа позитивна слика најмалку се однесува на луѓе со ниски приходи, а особено на самохрани родители.

Во Франција владата на претседателот Емануел Макрон ги зголеми давачките на горивата со образложение да се намали користењето на личните автомобили и да се заменат со јавниот транспорт во борбата против климатските промени. Тоа предизвика изливи на гнев во Франција во местата надвор од големите урабни агломерации каде што јавниот транспорт е помалку достапен и личните возила се често единственото превозно средство на располагање.