Движењето на Турците ја поддржа Аарсовска и ги повика своите членови и симпатизери да заокружат 82

Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ) и во вториот круг ќе ги поддржи кандидатите за градоначлници на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и „Обнова за Македонија“Движењето ги повикува сите нивни членови, симпатизери и разочарани граѓани од актуелната власт, масовно да излезат на гласање на 31 октомври и да го заокружат бројот 82 во Скопје.

– Независната кандидатка за град Скопје Данела Арсовска ја сметаме и како наша кандидатка и поради тоа што најавува посебна трговска соработка со Република Турција со што ќе даде придонес за уште поинтензивен развој на економските односи помеѓу двете пријателски земји. Блиските односи со Турците во земјава, особено со Турците во Скопје е причина повеќе да се определиме за неа како иден градоначалник на Скопје. Ги повикуваме сите наши членови, пријатели и симпатизери, сите наши сонародници во Скопје да се здружиме и да гласаме за бројот 82, за модерно Скопје, за наш ÜSKÜP – велат од Движењето на Турците.

Во Центар Жупа изборите ќе се повторат согласно Изборниот законик до конечна одлука на Собранието на Македонија.

– Посетувајќи ги општините каде ќе има втор круг, неизбежно е да забележите поткуп, притисоци и закани од страна на претставниците на власта врз граѓаните кои имаат различно мислење од нив. Сигурни сме, убедени сме дека народот нема да потклекне на сите овие закани, притисоци и уцени и дека и во вториот круг ќе остане доследен на принципите и ставовите потврдени во првиот круг на гласањето – порачаа од Движењето на Турците.