Движењето пет ѕведи и Демократската партија оствариле почетен напредок во преговорите за новата влада на Италија

ANSA/ANGELO CARCONI

Првиот ден од преговорите меѓу антиестаблишмент Движењето пет ѕвезди (М5Ѕ) и левичарската Демократската партија (PD) за формирањето на новата италијанска влада завршиле во петокот доцна попладнето со напредок за кој извести PD.

По двочасовниот состанок, еден од преговарачите од опозициската PD, Грацијано Делрио за новинарите зборувал за „голема усогласеност во врска со социјалните и прашањата од екологијата“. „Тоа е навистино добар почеток, позитивна нота“, коментирал шефот на парламентарната група на PD во Претставничкиот дом и додал дека следните часови преговорите ќе продолжат за плановите за италијанскиот буџет.

„Сега сме во средиштето на многу деликатни советувања и сите заедно работиме на постигнувањето на тешката цел, заживување на владата на промените“, коментираше челникот на PD, Никола Ѕингарети кој не учествува во преговорите. Неговата партија во соопштение соопшти дека условно го прифатила кличното барање на М5Ѕ, односно намалување на бројот на пратениците во парламентот.

Челникот на М5Ѕ, Лиуџи Ди Мајо, кој ги води преговорите на својата партија претстави десет императивни точки за склопување евентуална владина коалиција. „Првиот е намалување на бројот на парламентарците“, инсистираше Ди Мајо пред состанокто и потсети дека сака од вкупно 950 да бидат 345 помалку. Од М5Ѕ, исто така, не ги коментираа веднаш резултатите од првиот состанок со PD.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела најави во четвртокот вечерта нов круг советувања со сите парламентарни партии во вторник. Партиите М5Ѕ и PD имаат само неколку дена да ппостигна договор. Распоредот на средбите уште не е обавен, соопшти една од портпаролките на претстедателската резиденција Квиринале.

За решавање на политичката криза во Италија ќе одлучува претседателот Серџо Матарела кој мора да реши дали ќе именува нова влада или да го распушти парламентот и да распиша предвремени парламентарни избори. Според некои медиуми, Матарела би можел да почека до срреда да се изјасни за евентуалното именување на премиер кој би го водел мнозинството на PD во настојувањата да се спречи десната партија Лига на досегашниот вицепремиер Матео Салвини да го добие мандатот за составување влада или да се оди на нови избори на кои според сите анкети ќе победи неговата партија.

Заменикот генерален секретар на М5Ѕ, Манлио Ди Стефано, целосно го исклучи помирувањето со Лига и оцени дека Салвини сторил предавство и не е сигурен. Салвини на 8-ми август едностранмо ја раскина коалицијата со М5Ѕ, незадоволен од одбивањето на коалицискиот партнер во врска сп капиталните проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.