„Движење за заедничка визија“: ДУИ да не повикува на бојкот на претседателските избори

Hевладината организација „Движење за заедничка визија“ реагира на барањата на некои политички партии кои повикуваат на бојкот на Претседателските избори.

„Изборите претставуваат уставно право на секој граѓанин, и никој не смее да се отргне од нив, заради тоа што излегувањето на гласање претставува единствен момент кога секој граѓанин го искажува своето политичко залагање и размислување, кога му доделува некого мандат за да владее со државата или кога се избира претседател на државата. Ние ги повикуваме сите невладини организации кои се декларирани како невладини,  да не фаворизираат партии туку да ги бранат интересите на граѓаните“, се вели во соопштението на „Движење за заедничка визија“.

Оттаму, јавно упатуваат прашање до ДУИ, зошто сега повикуваат на бојкот на овие избори, кога тоа не го направиле на минатите претседателски избори. Исто така, од „Движење за заедничка визија“ упатија и апел до невладините организации кои според нив се сателити на ДУИ, барем еднаш да се изјаснат против политиката на партијата на власт, бидејќи единствена визија на сите НВО е да ја  корегираат владејачката  политика и во некои случаи да ја подржат.