Двојазичните табли повод за нов конфликт меѓу Заев и Османи

Поставувањето на двојазични табли низ државата повод за нов конфлик меѓу се уште актуелните партнер и во Владата. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска со контрастав на толкувањето на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи за тоа во кои општи согласно Законот за употреба на јазиците треба да бидат поставени таблите на државните институции испишани и на македонски и на албански јазик.

Според Заев, двојазични табли не треба да има во сите општини односно во оние каде албанската заедница не е повеќе од 20 отсто. За двојазичните табли, кои според него, се поставени по грешка како онаа во Струмица, па и за во Прилеп и Велес смета дека треба да бидат отстранети.

„Имаме тим, меѓуресорско тело на ниво на државни секретари, којшто го води генералниот секретар на Влада, каде што има реално толкување за се. Но, дефинитивно во општините каде што граѓаните од етничка албанска заедница се повеќе од 20 отсто  постојат двојазичните табли. Таму каде што не се – не постојат двојазичните табли и секако тоа толкување ќе го добиете“, нагласи Заев на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Но, Османи толкувајќи го Законот вели дека двојазичните законски се поставуваат и во општини каде нема 20 отсто Албанци бидејќи дел од институции во таа општина имаат подрачни канцеларии во општини каде Албанците се во процент пропишан со законот.

Да оставиме тие работи согласно законот да ги одлучуваат агенцијата и инспекторатот за имплементација на двојазичноста, не е тоа работа на политичарите – изјави Османи.

Што се однесува до општина Прилеп во која е и Долнени бројката, е над 20 насто таблите треба да бидат двојазични исто како што е и општина Велес во која со селата има бројка од 20 насто албанско население. Законот е јасен и не треба да толкуваме ние политичарите, да оставиме агенцијата и инспекторатот да го имплементираат, додаде Османи.