Двојни аршини и лицемерие на СДСМ за техничките министри

Очигледно е дека владејачката СДСМ неволно оди на предвремените избори и покрај тоа што нивниот челник Зоран Заев се обидува да ги окуражи, а за тоа сведочат и постојаните опструкции при формирањето на техничката влада како дел од обидите да се постигне евентуално одложување на изборите но го демонстрира уште еднаш лицемерието на социјалдемократите.

Иако станува збор за приврмена техничка влада со рок на траење од само стотина дена, СДСМ веднаш реагираше на предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, технички министер за внатрешни работи да биде армискиот офицер Драган Ковачки. И доколку во овој случај опструкцијата на владејачката партија некако и можеше да се оправда со уставен член, иако не станува збор за министер туку за технички министер со строго ограничен мандант, реакциите на СДСМ потоа само ја покажуваат целта да се попречува функционирањето на кадрите именувани од ВМРО-ДПМНЕ. Настрана вообичаеното себепрогласување – според непознати критериуми и без никакви резултати – за единствено компетентни.

На удар се најде министерката за труд и социјала, Рашела Мизрахи, прво заради нејзината етничка припадност, колку од СДСМ активистите потоа и да се обидуваа тоа да го минимизираат. Потоа, откако Мизрахи ја обелодени бројката од нерешени барања (11.514) за надоместок за нега од друго лице, социјалдемократите излегоа со еквилибистриката со наводни нови од нив воведени методологии – без и да се обидат да ја негираат спомената бројка и дека токму тие методологии се причината за нерешавње на предметите.

Потоа Нина Ангеловска, која инаку стана чувар на министерската фотелја за финансии откако Заев беше „укорен“ од неговите странски партнери дека не е убаво и да биде премиер и да го држи овој важен ресор, започна со опструкциите  заменик министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска. Ангеловска, имено, во потег без преседан, испрати допис до вработените на Министерството за финансии, во кој стои наредбата дека:

Секоја комуникација и барања упатени до дополнителниот заменик-министер или член на неговиот кабинет кон поединечни вработени во одредени сектори, мора прво да бидат одобрени од раководител на сектор и/или државен советник, а раководителот на сектор/државниот советник треба да има претходно одобрување од кабинет на министерот“. 

Во оваа низа од опструкции и лицемерии се нареди и Славјанка Петровска, која за  „комептентноста“ како фејсбук-активистка на СДСМ беше назначена заменик министерка во МВР. Петровска откао на оваа позиција дојде од местото шефица на кабинетот на досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, такаречи се дрзна да не го потпише именувањето Ристо Ставревски за прв човек на Секторот за внатрешни работи во Скопје.

Иако станува збор за професиналец со повеќегодишно искуство во редовите на македонската полиција, Ставревски не бил прифатлив за Петровска (или сепак за Заев и Спасовски), бидејќи бил советник на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сведок во случајот ТНТ?! Дали не станува збор за лицемерие, кога се знае дека токму сега именувата секретарка на дополнителната заменичка била член на истиот кабинет во кој бил и Ставревски.

Исто така, лицемерно е од оние кои ѝ ги издаваат наредбите на Петровска, во случајов, да го пренабрегнуваат фактот и дека новоназначениот началник на Велес беше дел од обезбедувањето на Гордана Јанкулоска, па тоа не им пречи. Не им пречи ниту тоа што Оливер Спасовски го имаше во бомбите како телефонски разговара со Гордана Јанкулоска. Не им пречи ниту што голем дел од раководниот кадар на Оливер Спасовски, во време на претходната влада, соработувал со Јанкулоска. На пример,  секретарката на поранешната министерка сѐ уште е на своето старо работно место во МВР. Покрај тоа, и Весна Доревска, помошник за правни и кадрови работи во МВР, сел мандат на Спасовски му изготвувала решенија и сѐ уште е на своето старо работни место. Но тоа, секако, не им пречи во СДСМ.