Двојно поголем ризикот од смрт од коронавирусот за лицата со зголемен крвен притисок

Опасноста од смртен исход за хоспитализираните заболени од Covid-19 е двојно поголема кај лицата со зголемен крвен притисок, и на овие пациенти им се советува да продолжат да ги земаат препишаните лекарства, се наведува во студијата објавена во петокот во медицинското списание European Heart Journal.

„Важно е дека пациентите кои патат од зголемен крвен притисок да сфатат дека се во групата зголемен ризик за смрт од Covid-19“ вели еден од водечките научници во студијата, примариус Феи Ли, кардиолог во болницата „Ксиџинг“ во централниот кинески град Ксиан.

Ризикот е уште поголем кај пациентите кои престанале да ја земаат терапијата кога се примени во болница поради Covid-19, во однос на оние кои продолжиле да ги земаат антихипертензивите, односно лековите за зголемен крвен притисок, се наведува во споменатата студија.

Во ова опсервациско истражување, кинески и ирски научници ретроактивно анализирале податоци од речиси 2.900 пациенти хоспитализирани во периодот меѓу 5-ти февраури и 15-ти март во болницата „Хуао Шен Шан“ во градот Вухан, административниот центар на централната кинеска провинција Хубеи, изворот на пандемијата на новиот коронавирус.

Речиси 30 отсто од хоспитализираните лица, а станува збор за 850 пациенти, имале зголемен крвен притисок. Од тој број 4 отсто починале од Covid-19, во однос на 1,1 отсто кои не боледувале до хипертензија.

По анализата на податоците во однос на возраста, полот и здравствената состојба, научниците пресметале дека ризикот за смрт од коронавирусот кај хипертоничар примен во болница со дијагностициран Covid-19 е двапати поголеми во однос на другите заболени.

Друга анализа, која ги вклучила податоците од споменатата болница и податоците од други три студии, покажала дека пациентите кои примале лекови кои делуваат преки рениени-ангиотензин-алдостеронскиот систем (RAAS) биле изложени на помала опасност од смрти во однос на пациентите кои примале други антихипертензиви. Меѓутоа, во овој поглед авторите на стидијата повикуваат на претпазливост, имајќи предвид на малиот број набљудувани пацинети.

„Им советуваме на пациентите да не престануваат со земањето лекови, ниту да ја менуваат вообичаената терапија против хипертензија, освен доколку тоа не им го препише нивниот лекар“, вели еден од авторите на студијата, примариус Линг Тао од болницата „Ксинџинг“.

Севкупно, пациентите со зголемен крвен притисок имаат двапати поголеми изгледи за смртен исход и поголеми изгледи да бидат ставени на респиратор за да им се помогне да дишат во однос на пациентите кои не се хипертонични.

Од Американскиот кардиолошки колеџ, Американското здружение за срцеви заболувања и Американското друштво за болести на срцето, препорачуваат ваквите пациенти да продолжат да ги земаат препишаните лекарства.

Авторите во заклучокот истакнуваат дека овие истражувања се само опсервациски и не се темелат на клинички испитувања, како и дека се потребни други истражувања за на пациентите им се дадат конечни препораки.

Сепак, резултатите отвораат простор за можност да се спроведе студали дали лековите за хипертензија и срцеви болести би можеле да бидат испитувани како терапија за Covid-19, напиша во воведникот на медицинското списание, др Луис Руилопе од „ Hospital Universitario 12 de Octubre“ во Мадрид.