Двојно убиство во Топанско Поле, жртвите изрешетени со калашников

Пукотници ги вознемирија граѓаните на скопската населба Топанско Поле рано утрово, а во престрелката се убиени две лица. Според неофицијалните информации, околу 3 часот утрово со „калашников“ се изрешетени две лица кои седеле во паркирано возило, по што засега непознатите напаѓачи со возило го напуштиле местото и се во бегство.

На лице место има полициски екипи, а јавен обвинител врши увид на местото на несреќата по што ќе се знаат повеќе информации.

Од СВР Скопје велат дека за брзо ќе имаа првични детали за настанот.