Двојазичноста пред предизвици – колегите од власта не се разбираат меѓу себе

Двојазичноста создава нови проблеми особено во комуникацијата на новинарите со институциите, известува „Алфа“. Без обезбеден превод за македонските новинари, вицепремиерот Бујар Османи по средбата со Директорот на Агенцијата за двојазичност на прашањата одговараше на албански јазик без да ги одговори истите на македонски. Новинарите Македонци побараа да бидат поставени прашања и на македонски, но и директно го прашаа владиниот генсек Рашковски дали разбра нешто од кажаното на албански.

Токму преводот ќе биде и најголем предизвик во однос на Законот за употреба на јазиците признава Османи. Сепак власта била задоволна од брзото темпо на имплементација на двојазичноста.

Не само Османи и првиот човек на Агенцијата за двојазичност одвај се обрати на македонски по барање на новинарите. Без конкретни информации вели дека по формирањето на целиот состав на Агенцијата ќе споделат што ќе работат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.