Двојните аршини на претседателската кампања на Пендаровски

Пендаровски вели дека не се апсат политички лидери, го заборави апсењето на Стевче Јакимовски

Во Отвореното студио на телевизија Алфа , Пендаровски изјави дека во Македонија има човекови слободи и права кои се почитуваат и според него во Република Македонија нема политички затвореници.

Не може лидер на политичка партија во монтирани политички случаи да биде затворен и да зборуваме за демократија. Нема политички монтирани случаи. Нема ниту еден лидер кој е апсен затоа што на премиерот не му бил по ќеиф.

Пендаровски изгледа го заборави апсењето на Стевче Јакимовски во март оваа година пред почетокот на изборната кампања, кој е лидер на опозициската партија „ГРОМ“ и кој моментално е во домашен притвор.