Џафери го нападна Груевски (ВИДЕО)

Собранието на Република Македонија, по третото читање го донесе Законот за употреба на јзиците со 64 гласа „за“, без против и воздржани. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги искористија сите законски можности да се спротивстават на донесувањето на противуставниот закон за јазиците.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му ја зема картичката на собранискиот спикер Џафери додека ја отвораше точката за Законот за употреба на јазиците. Груевски се надвисна над него и во моментот кога Џафери го напушти столчето.

Откако Џафери даде пауза и стана да си оди, беше запрен од Груевски, при што дојде до мал физички контакт меѓу нив двајца. Собраниското обезбедување интервенираше.